• вторник, 24 декември 2024

Митева: Укинувањето на економските директори ќе го намали дуализмот и ќе придонесе кон подобро работење

Митева: Укинувањето на економските директори ќе го намали дуализмот и ќе придонесе кон подобро работење

Скопје, 2 јули 2024 

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма портпаролката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева истакна дека укинувањето на економските директори е ветување уште од предизборието.

-ВМРО-ДПМНЕ во предизборието имаше клучно ветување во делот на здравството и здравствените политики кои планира да ги спроведе како идна Влада едно од ветувањето беше укинувањето на т.н економски или организациски директори затоа што во минатото покажаа низа на слабости и кога имате нефункционален систем кој покажал дека се злоупотребува тогаш цениме дека е оправдано истото, вели Митева.

Таа продолжи и додаде:

-Појдовна точка за ова беше злоупотребата на јавните средства односно финансиските средства, јавните набавки, дуализмот и непотизмот. Со една ваква одлука ќе го намалиме дуализмот кој постои со врзан потпис во рамки на клиниките и ќе придонесе кон подобро и поотчетно работење, рече Митева.

Во однос на пензионерите, Митева посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги послушала пензионерите за нивното барање.

-Она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за пензионерите е што го послуша нивниот глас и нивното барање за линеарно покачување од 5.000 денари да го реализираме. Согласно законите прво е ребалансот на Буџетот со што ќе се опфати оваа мерка и мерката од 100 милиони евра трансфер кон општините за реализација на проекти, посочи Митева.


 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан