Митева: СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа
- Лотарија без лиценца издава лиценци на две фирми блиски до СДС и ДУИ, едната од Скопје една од Струмица и со години овие две фирми должат на државата пари од своето незаконско работење. За чиј џеб работеле и кој ги прикривал се прашања на кои СДС и ДУИ треба да и одговорат на јавноста. Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што ja оштетиле државата.

Скопје, 30 јули 2024
Интегрален текст од прес конференција
Говорник: Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Ограбена држава - СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа
Лотарија без лиценца издава лиценци на две фирми блиски до СДС и ДУИ, едната од Скопје една од Струмица и со години овие две фирми должат на државата пари од своето незаконско работење. За чиј џеб работеле и кој ги прикривал се прашања на кои СДС и ДУИ треба да и одговорат на јавноста. Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што ja оштетиле државата.
Воедно, едно од друштвата е формирано во 2022 година и од тогаш не платило ништо, иако има обврски кои произлегуваат од Законот за игри на среќа и од законите за одредени даноци.
Во 2021 година МВР ја информираше јавноста дека е спроведена акциска контрола и од слобода лишиле 13 лица кои без лиценца приредувале игри на среќа во Тетово. Како МВР тогаш успеало да ги пронајде сторителите, а за овие две фирми да нема постапка? Дали овие лица кои биле санкционирани не ја делеле заработувачката со врвот на СДС и ДУИ па затоа биле санкционирани, додека овие другите две фирми умешно соработувале со институциите и биле под нивна закрила?
Владеењето на СДС и ДУИ преку ваква политичка контрола покрај тоа што беше секојдневие, истовремено го оштетуваше и буџетот на државата до невидени размери.
Ова е моделот како СДС и ДУИ работеа со години во институциите и за ова одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
фото и видео: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.