• понеделник, 23 декември 2024

Мисијата на ОН побара од талибанските власти сите жени и девојки во Авганистан да добијат пристап до образование

Мисијата на ОН побара од талибанските власти сите жени и девојки во Авганистан да добијат пристап до образование

Кабул, 24 јануари 2024 (МИА) - Дипломатската мисија на Обединетите нации во Авганистан ги повика денеска талибанските власти да им дозволат на сите жени и девојчиња да се образуваат во училиштата и универзитетите, јави ДПА.

Во изјавата по повод Меѓународниот ден на образованието, Роза Отунбаева, шеф на дипломатската мисија на ОН во Авсгнистан, изјави дека образованието е темелот на иднината на оваа земја. 

Забраната за образование за жените и девојчињата, додаде таа, ќе им наштети на сите Авганистанци.

-Им се обраќам на жените и девојките од Авганистан, ве молиме знајте дека не сте сами. ОН се солидарни со вас и нема да престанат да се ангажираат и да ја штитат вашата иднина, рече претставничката на ОН.

Повеќе од две години талибанските власти велат дека работат на создавање услови за девојчињата да се вратат на училиште.

Откако Талибанците се вратија на власт, во август 2021 година, девојчињата можат да одат на училиште до шесто одделение и не смеат да учат на универзитет. Во некои делови од земјата, жените и девојчињата сè уште можат да посетуваат медреси, исламски сунитски верски училишта или училишта за акушерки.

Забраната за образование е најголемата пречка талибанската влада да добие меѓународно признание. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан