• сабота, 23 ноември 2024

Мисајловски: Подготвени сме за избори, но здравјето на граѓаните е пред се

Мисајловски: Подготвени сме за избори, но здравјето на граѓаните е пред се
Скопје, 6 мај 2020 Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски имаше вклучување во вестите на Канал 5 каде што посочи дека избори би требало да има кога здравствените власти ќе соопштат дека пандемијата во Република Македонија е стивната и нема да има новозаболени. - Здравствените власти треба да кажат дека епидемијата односно пандемијата е стивната целосно и дека може да се реазлизираат избори во Република Македонија. Ние како опозиција особено јас навистина сакам да има избори, но здравјето на граѓаните ние пред се, нагласи Мисајловски. Мисајловски додаде дека се шпекулира како изборите ќе се одржат со што граѓаните ќе носат маски, со ракавици и скефендери. Но едно е јасно како и да се одржат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и сака да има избори, но сепак најважно од се е здравјето на граѓаните. - Најдобро е да видиме што ќе се договори на следната лидерска средба, да слушнеме и од здравствените власти што се ќе кажат и да ни ги кажат сите оние бројки моментално што во овие недели се случуваат односно колку има заразени, трендот на намалување или на зголемување, појасни Мисајловски. Мисајловски образложи дека по тие податоци што ќе ги соопштат здравствените работници ќе може да се одреди датум за одржување на избори. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан