• понеделник, 23 декември 2024

Мисајловски: Потребни се избори, 80 проценти од граѓаните се против уставните измени

Мисајловски: Потребни се избори, 80 проценти од граѓаните се против уставните измени

Скопје, 29 август 2023

Апсолутно потребни се избори, ние долго време тоа го говориме и секогаш го кажуваме со факти и аргументи. Често пати бевме и обвинувани дека по секоја цена сакаме да дојдеме до избори. Но заборават дека тие нудеа техничка Влада, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Влада само да ги изгласа уставните измени, но се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е за пуста моќ и власт да биде челно на државата“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека ова што сега се случува е штетно, бидејќи 80 проценти од граѓаните се контра против уставните измени. 

Мисајловски посочи дека сите 44 пратеници не го подржаа ниту дневниот ред, ниту ќе гласаат за уставните измени.

„Она што го бара Бугарија е еден вид на асимилација кон македонскиот народ, но самиот Македонец има отпор против сето тоа и затоа 80 проценти се против. Власта го чувствува отпорот не само од политичарите, новинарите туку и граѓаните и целиот народ. Свесни се дека се потребни избори , но они бегаат само поради една причина, а таа причина е што подолго да останат на власт за нивни лични потребни, тендерите, криминалите, она што ги збогати изминатите 7 години но најважно од се е да останат ден повеќе за да си ја спасат политичката кариера“, посочи Мисајловски.

Тој кажа дека оваа гарнитура на власт не може да продава дека е нешто нова гарнитура, бидејќи тоа се истите луѓе.

„Нормално е да има избори, но они бегаат од избори, бидејќи ако има избори таму во СДСМ ќе има големи проблеми, ќе се смени можеби претседател на партија, раководство, никој од овие луѓе претпоставувам и нема да биде во политика“, потенцираше Мисајловски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан