• вторник, 24 декември 2024

Мирослав Тричковиќ е нов директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадници на заедниците

Мирослав Тричковиќ е нов директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадници на заедниците

Куманово, 30 септември 2024 (МИА) - Советот на општина Куманово, денеска ја констатираше оставката на советникот Мирослав Тричковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), кој од неодамна е назначен за директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадниците на заедниците, орган при Министерството за односи меѓу заедниците.

Комисијата за мандатни прашања на Советот на општина Куманово во образложението наведе Тричковиќ заради неспоивост на функцијата поднел барање за негово разрешување. Неговите колеги го констатираа престанокот на мандатот. Тричковиќ беше член на советничката коалиција предводена од ВМРО - ДПМНЕ.  ам/дма/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан