• вторник, 26 ноември 2024

Миодраг Мајиќ е годинашната „Книжевна ѕвезда“ на Фестивалот на Европска литература

Миодраг Мајиќ е годинашната „Книжевна ѕвезда“ на Фестивалот на Европска литература
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) - Миодраг Мајиќ е годинашниот добитник на наградата „BookStar 2021“ за најактуелен наслов на Фестивалот за Европска литература за книгата „Островот на пеликаните“. „Островот на пеликаните“ ја следи судбината на двајца млади роми кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани кои никој не би можел да ги замисли. Романот носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла. Мајиќ е српски писател и судија во Апелациониот суд во Белград. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право. Објавил голем број правни текстови и учествувал во изработката на значајни закони од кривичното право во Србија. Автор е и на политичкиот трилер „Деца на злото“. Седмото издание на Фестивалот на Европска литература се одржа од 12 до 15 октомври во Младинскиот културен центар. Оваа година пред македонската публика, покрај Мајиќ, со лично присуство во Скопје се претставија повеќе автори, меѓу кои Катарина Винклер, Влада Урошевиќ, Огнен Спахиќ, Сјон, Балсор Хоџа, Марина Вујчиќ, Софија Лундберј и Михаела Гашпар. ар/са/      

Остани поврзан