• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Минчев: Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото

Минчев: Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам. 

-Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото – вредности што се темел на едно праведно и инклузивно општество. Овие принципи треба да бидат водилка и во институциите, затоа што силната јавна администрација значи квалитетни услуги за сите граѓани, без разлика на нивната верска или етничка припадност,  вели Минчев во честитката.
 
Тој посочува дека како Министерство за јавна администрација остануваат посветени на создавање подобри услови за живот за сите, градејќи општество на еднакви можности, праведност и меѓусебно почитување. 

-Верувам дека само преку соработка и заеднички напори можеме да изградиме модерна и ефикасна администрација што ќе служи на граѓаните, порачува министерот Минчев.

Тој посочува дека Министерството за јавна администрација ќе продолжи со реформите за поефикасни, транспарентни и професионални институции, кои ќе работат во интерес на сите граѓани. дма/сст/

Фото: Министерство за јавна администрација 

Остани поврзан