• среда, 25 декември 2024

Минската група на ОБСЕ го поздрави прекинот на огнот во Нагорно-Карабах

Минската група на ОБСЕ го поздрави прекинот на огнот во Нагорно-Карабах
Москва, 10 октомври 2020 (МИА) - Копретседавачите на Минската група на ОБСЕ ја поздравија заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Азербејџан, Ерменија и Русија за хуманитарниот прекин на огнот во Нагорно-Карабах и ги повикаа страните целосно да ги исполнат своите обврски, се наведува во денешното соопштението на ОБСЕ. Копретседавачите на Минската група на ОБСЕ и личниот претставник на претседавачот, Анджеј Каспжик, водат интензивни преговори со Меѓународниот комитет на Црвениот крст за модалитетите и логистиката за враќање на посмртните останки и затворениците што е можно поскоро. Тие ги повикаа страните итно да ги обезбедат сите потребни безбедносни и логистички гаранции. Копретседавачите остануваат активно ангажирани со страните во конфликтот за да ги олеснат нивните напори за договор за специфичните параметри за примирјето и ги заклучија интензивните суштински преговори за постигнување решение засновано врз договорени принципи и формати, се наведува во соопштението на ОБСЕ. сд/

Остани поврзан