• понеделник, 16 декември 2024

Министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја разговараа за заканите на Северна Кореја

Министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја разговараа за заканите на Северна Кореја

Бразилија, 21 февруари 2024 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја за време на денешниот состанок во Бразилија се согласија да продолжат да работат заедно за решавање на прашањата поврзани со Северна Кореја, соопшти јапонската влада.

Министрите за надворешни работи на двете земји се состанаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на Г20, што е првпат откако новиот министер за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Тае-гул, стапи на должност минатиот месец, пренесува новинската агенција Кјодо.

Јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава и нејзиниот јужнокорејски колега Чо Тае-Јул се состанаа откако во телефонски разговори претходно минатиот месец потврдија дека двете земји споделуваат сериозна загриженост поради серијата „провокативни дејствија“ на Северна Кореја кои се во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како што се пробни лансирања на балистички ракети.

Односите меѓу Токио и Сеул, кои се влошија кон крајот на 2010-тите и го достигнаа своето најлошо ниво во последната деценија на почетокот на 2020-тите, покажаа значителни знаци на подобрување откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол ја презеде функцијата во мај 2022 година. јт/

Фото: Х

Остани поврзан