• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Рим, 14 септември 2024 (МИА) – Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 „најостро“ го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија.

- Иран мора веднаш и целосно да ја прекине својата поддршка за нелегалната и неоправдана војна на Русија против Украина и да го запре таквиот трансфер на балистички ракети, беспилотни летала и слични технологии, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија и Италија. Јапонија, Велика Британија и САД.

Според Г7 оружјето со кое Техеран ја снабдува Москва „претставува директна закана за украинскиот народ, како и за европската и меѓународната безбедност“.

Претходно оваа недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и дека најверојатно ќе ги употреби во рок од неколку недели, а САД, Германија, Велика Британија и Франција воведоа нови санкции за Техеран.

Москва и Техеран ги отфрлија обвинувањата на западните сојузници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан