• понеделник, 23 декември 2024

Министрите за надворешни работи на АСЕАН на средба во Лаос за да бараат решавање на кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море

Министрите за надворешни работи на АСЕАН на средба во Лаос за да бараат решавање на кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море

Виентијан, 24 јули 2024 (МИА) - Земјите-членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) на состанок во Лаос разговараат за неопходните напори за решавање на кризата во Мјанмар и намалување на тензиите во Јужното Кинеско Море.

По средбата ќе следат два самити во Лаос во сабота на кои ќе се разговара за клучните прашања ширум светот.

На состаноците ќе учествуваат владини претставници од САД, Европската унија, Јапонија, Кина, Русија и други. Mинистрите за надворешни работи на АСЕАН ќе разговараат за напорите за ставање крај на граѓанската војна во Мјанмар. Според ОН, 2,6 милиони луѓе се раселени поради конфликтот.

Се очекува АСЕАН да изврши притисок за финализирање на долгогодишната декларација за однесување со Пекинг за Јужното Кинеско Море. 

Филипините ќе предложат формирање на Форум на крајбрежната стража на АСЕАН за да се овозможи дијалог меѓу полициските служби на земјите-членки. Се очекува дека самитите во сабота ќе се фокусираат на прашања, како што се војната во Газа, конфликтот во Украина, безбедноста на храната, климатските промени, трговскиот протекционизам и нуклеарните амбиции на Северна Кореја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан