• понеделник, 23 декември 2024

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.

- Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда на Фејсбук. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан