Министерство за здравство на Хамас: Во Газа за 24 часа убиени 200 Палестинци
- Министерството за здравство во Појасот Газа, каде на власт е Хамас, соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација, загинале 25.900 луѓе, најмногу жени, деца и малолетници.

Газа, 25 јануари 2024 (МИА) – Министерството за здравство во Појасот Газа, каде на власт е Хамас, соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација, загинале 25.900 луѓе, најмногу жени, деца и малолетници.
Во изминатите 24 часа загинаа 200 лица, се наведува во соопштението на Министерството.
Се додава дека 64.110 луѓе се ранети од почетокот на конфликтот на 7 октомври. јт/
Фото: МИА архива