• понеделник, 23 декември 2024

Министерството за одбрана е подготвено да излезе во пресрет за лекување на украински војници, вели Петровска

Министерството за одбрана е подготвено да излезе во пресрет за лекување на украински војници, вели Петровска

Штип, 16 март 2024 (МИА) - Како министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има во предвид дека лекувањето е во надлежност на министерството за здравство, истакна денеска министерката за одрбрана, Славјанка Петровска која во Штип одоговараше на прашањето дали македонската Армија е подготвена да го прифати лекувањето на украинските војници. 

-Имавме еден првичен разговор со министерот за здравство сега одиме понатму на интезивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако се појави евентуално потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно на барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира особено ќе  внимаваме да излегувањето во пресрет на оваа барање, одговарањето, поддршката и помошта што ќе ја понудиме да не влијае на редовните процеси во јавното здравство, вели Петровска. 

На министерката за одбрана, Петровска и е мило што штипјани позитивно ги оценуваат овие Отворени денови и презентацијата на капацитетите на Армија, бидејќи какошто вели ова ја  потврдува и оценката за висока доверба на граѓаните кон Армијата. 

-Ќе се обидеме во наредниот период, почесто да бидеме присутни, меѓутоа треба да се има предвид иако живееме во мирнодобски услови Армијата има обврска и постојано и во континуитет да ја одржува својата борбена готовност, дали ќе бидат тоа во рамките на касарните со одредени активности или заживување на одредени операции, или мисии на Криволак, најголемата тренинг зона, вели Петровска. вдј/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан