• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Шаќири во Струмица и Валандово на средби за потребата од отворање нови струки во средното образование

Министерот Шаќири во Струмица и Валандово на средби за потребата од отворање нови струки во средното образование
Струмица, 15 март 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на дијалогот со локалните самоуправи на Струмица и Валандово, бизнис секторот и средните стручни училишта за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. Шаќири рече дека со денешните два настана привршува овој процес, а во изминатите 30 дена се одржани дијалози во 15 општини. Се надева дека од следната учебна година ќе се формираат побаруваните струки во стручните училишта и со тоа ќе се обезбедат кадри што се дефицитарни. -Како резулат на дијалогот што го водевме минатата година, во овој регион се отворени четири дуални паралелки, од кои три во Струмјица и една во Радовиш, додека во Валандово, Богданци и Гевгелија оваа учебна година воспоставивме вкупно девет дуални паралелки, рече министерот Шаќири. Додаде дека овој дијалог е од исклучителна важност не само за учениците, компаниите и локалните самоуправи, туку и за целокупниот раст и развој на државата, а секој запишан ученик во дуална паралелка добива 3.500 денари месечна стипендија, како и соодветна пракса во компанија. -Истовремено, ова е одлична можност да ја зголемиме вработливоста на младите веднаш по завршувањето на школувањето, но и да ги поттикнеме своето образование да го продолжат на некој од техничките факултети, истакна Шаќири. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, информираше дека во две средни училишта во општината се воведени шест, а се формирани три дуални паралелки. -Усогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на стручни и квалитетни кадри е неопходна и во таа насока ќе продолжиме со нашиот влог како Општина, бидејќи ова создава можност за брзо вработување на младите по завршувањето на средното стручно образование, но секако очекувам и максимално ангажирање од сите релевантни чинители, пред се поголема поддршка од бизнис секторот, подвлече Костадинов. На средбата во Струмица присуствуваа претставници на основни и средни училишта, од бизнис заедницата и претставник на Општина Радовиш. рт/хс/

Остани поврзан