• среда, 25 декември 2024

Министерот Чупи со 23 општини ќе потпише договори за соработка во областа на дијаспората

Министерот Чупи со 23 општини ќе потпише договори за соработка во областа на дијаспората
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - По финализирањето на подготвителната фаза на неодамна усвоената Информација за потпишување Договор за соработка од областа на дијаспората помеѓу Владата и 23 општини, во наредните денови следи нивното потпишување, соопшти Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Министерот Чупи се овластува во име на Владата да ги потпише договорите со општините, претставувани од нивните градоначалници. -Во информацијата е јасно наведена задачата на овие канцеларии кои се осмислени да имаат посредничка улога и истите би служеле како центри во кои на припадниците на нашата дијаспора им се овозможува и олеснува пристап до потребни информации и добивање дополнителни насоки за соодветните постапки пред надлежните институции, за време на нивниот престој во матичната држава. Следствено, во процесот е вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација кое согласно Информацијата се задолжува во рок од 15 дена од отворањето на општинските канцеларии за соработка со дијаспората да ги ангажира своите вработени да соработуваат во координација со вработените во општините определени за работа на проектот „Центар за дијаспора“, со цел заеднички да се излезе во пресрет на граѓаните од дијаспората, се наведува во соопштението. Со ова, според Министерството, се постигнува суштината на напорите на Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора во насока на спроведување на еден од стратешките приоритети како дел од Програмата на Владата согласно Националната стратегија за соработка со дијаспората од 2019-2023 година и воедно исполнување на примарната мисија олицетворена во добросостојбата на дијаспората. мч/аа/

Остани поврзан