• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Тошковски на средба со Транспаренси Интернешнл: МВР ги насочува сите свои капацитети во борба со корупцијата

Министерот Тошковски на средба со Транспаренси Интернешнл: МВР ги насочува сите свои капацитети во борба со корупцијата

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со претседателот на невладината организација „Транспаренси Интернешенл - Македонија“, Благоја Пандовски.

Од МВР соопштија дека средбата доаѓа во време кога Министерството за внатрешни работи се залага максимално и ги става на располагање сите свои капацитети за бескомпромисна борба против корупцијата на високо ниво и оттука и двете страни ја оценија како навистина потребна и продуктивна.

За време на средбата бил претставен извештајот насловен како Национален систем за интегритет, во кој детално се разгледува работењето и функционалноста на 15 државни институции во периодот од 2022-2023 година.

- Воедно разговарано беше и за зајакнување на интегритетот на полициските службеници, како и на сите останати вработени во Министерството за внатрешни работи, а предложени беа и модалитети за остварување на таа цел. Во таа насока, двете страни разговараа за потпишување на Меморандум за соработка преку кој би била олеснета натамошната соработка од заеднички интерес, се наведува во соопштението од МВР. цр/вг/

Фото: МВР

 

Остани поврзан