Министерот Тошковски на работна средба со амбасадорот на Република Франција, Ле Риголер
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки денеска остварил работна средба со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Кристоф Ле Риголер.
Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки денеска остварил работна средба со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Кристоф Ле Риголер.
МВР соопшти дека на средбата фокусот на разговор бил ставен на заедничката соработка врз веќе прифатени и договорени проекти најчесто во форма на стручни и тематски обуки со цел унапредување на капацитетите на министерството од областа на борбата против наркотици, организиран криминал, мигрантски текови, контрола на граница, борба против криминални организации за криумчарење мигранти и други.
Министерот Тошковски ги истакнал приоритетите кои ги има МВР како што е борбата со организираниот криминал и корупцијата, дигитализација на процесите, планираните реформи.
Во соопштението се наведува дека било потврдено оти унапредувањето на полициската соработка меѓу двете земји е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста како нашата земја така и на регионот. цр/са/
Фото: МВР