• вторник, 26 ноември 2024

Министерот Тошковски заедно со СВР Скопје во превентивна активност за заштита на шумите од пожари

Министерот Тошковски заедно со СВР Скопје во превентивна активност за заштита на шумите од пожари

Скопје, 7 април 2024 

Денеска (07.04.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на излетничко место во близина на село Кучково спроведоа превентивна активност која се состоеше од делење на летоци со едукативна содржина со цел подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од пожари. Кон оваа активност се приклучи и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

За време на превентивната активност имаа можност да поразговараат со граѓаните кои го користеа убавото време за релаксација во природа и укажаа на потребата од внимателно однесување додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева, односно да не палат оган за правење на скара, да не фрлаат запаливи предмети и догорчиња од цигари со цел да не се предизвика пожар во шумите.

Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МВР

Остани поврзан