• четврток, 30 јануари 2025

Министерот Тошковски во посета на Агенцијата за одбранбена и безбедносна индустрија на Турција

Министерот Тошковски во посета на Агенцијата за одбранбена и безбедносна индустрија на Турција

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој предводеше делегација на Министерството за внатрешни работи во Турција, остварил средба со директорот Халук Ѓорѓун и раководството на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција.

Како што денеска соопштија од МВР, на средбата биле разгледани можностите за соработка на високо со крајна цел модернизација, зголемување и зајакнување на капацитетите на македонската полиција особено во делот на примена на современи технолошки решенија за надзор на границата.

- Во рамки на агенцијата функционираат значителен број турски компании кои се занимаваат со производство на оружје, воздухоплови, дронови и голем број современи системи од областа на безбедноста и одбраната кои целосно се произведуваат во Турција. Посетивме реномирани компании како Тусаш и Аселсан и други, каде се запознавме со нивната работа и производи и воедно посетивме неколку оддели на турската полиција каде можевме да се запознаеме со практичната примена на нивните производи во обезбедување на безбедноста на граѓаните. Градиме модерна и опремена европска полиција која ќе овозможи безбедност за секој граѓанин, бидејќи функционалноста на безбедносниот систем е предуслов за функционирање и напредок на правната држава и благосостојбата на нејзините граѓани, потенцирал министерот Тошковски.

Тошковски ја посетил и турската полициска академија каде остварил работна средба со директорот, на која се разговарало за унапредување на соработката со Центарот за обука на МВР со акцент на континуираните обуки и во тој дел поддршка во зајакнување на капацитетите на Центарот за обука. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан