• сабота, 09 ноември 2024

Министерот Сали иницирал ДСЗИ да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на ракометарот Тот

Министерот Сали иницирал ДСЗИ да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на ракометарот Тот
Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар, соопшти Министерството за здравство. По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, од Министерството за здравство  изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски. рп/вј/

Остани поврзан