• вторник, 24 декември 2024

Министерот Нуредини во самоизолација, ќе работи од дома

Министерот Нуредини во самоизолација, ќе работи од дома
Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку својот фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на Ковид-19. - Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за Ковид-19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот, пишува Нуредини. Тој, како што посочува, се тестирал завчера изутрина и резултатот од тестот е негативен. - Во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома. Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас, напиша Нуредини на Фејсбук. мс/са/

Остани поврзан