• петок, 20 декември 2024

Министерот Муцунски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот резидентен координатор на ОН во земјата Рита Колумбиа

Министерот Муцунски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот резидентен координатор на ОН во земјата Рита Колумбиа

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги примил копиите од акредитивните писма на новоименуваниот резидентен координатор на ОН во земјата, Рита Колумбиа.

Како што соопшти Министерството, честитајќи за именувањето на функцијата, министерот Муцунски изразил уверување за натамошно продолжување и зајакнување на заемната соработка со агенциите на Обединетите нации.

На средбата биле разменети мислења за досегашната соработка со Канцеларијата на резидентниот координатор и тимот на Обединетите Нации и имплементацијата на постојните проекти. Заеднички бил поздравен ангажманот на ОН кој има за цел да го зајакне капацитетот на земјата во клучните сектори и да ја промовира реформската агенда потребна за исполнување на барањата за пристап во Европската Унија. дма/аа/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан