• петок, 05 декември 2025

Министерот Муцунски во Хаг учествуваше на настан за анализа на клучните одлуки донесени на Самитот на НАТО

Министерот Муцунски во Хаг учествуваше на настан за анализа на клучните одлуки донесени на Самитот на НАТО

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваше на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на состанокот.

Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласил дека одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре.

-Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците, потенцирал Муцунски.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, фокусот на дискусијата бил ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство во одбраната, како и на развојот на дигитални иновации за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата. сст/са/

Фото МНРиНТ

Остани поврзан