Министерот Мисајловски во официјална посета на Обединетото Кралство
- За време на посетата, Мисајловски ќе има средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе се сретне и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.
Скопје, 15 јули 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски утре ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка, соопшти Министерството за одбрана.
За време на посетата, Мисајловски ќе има средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе се сретне и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.
Како што информираат од Министерството за одбрана, во Лондон министерот Мисајловски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински ќе се сретат и со министерот за услуги, мали бизниси и извоз Томас Гарет. сст/са/
Фото МИА архива