Министерот Минчев упати честитки по повод католичкиот Велигден
- Упатувам честитки до сите верници кои го слават овој голем празник, со желби за здравје, мир и радост во Вашите домови. Велигден е празник на верата, надежта и новиот почеток, кој не потсетува на важноста на заедништвото, меѓусебната почит и грижата еден за друг. Нека празничните денови Ви донесат мир и духовна исполнетост, вели Минчев во честитката.
Скопје, 5 април 2026 (МИА) - По повод католичкиот Велигден, министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до верниците од католичка вероисповед.
-Упатувам честитки до сите верници кои го слават овој голем празник, со желби за здравје, мир и радост во Вашите домови. Велигден е празник на верата, надежта и новиот почеток, кој не потсетува на важноста на заедништвото, меѓусебната почит и грижата еден за друг. Нека празничните денови Ви донесат мир и духовна исполнетост, вели Минчев во честитката. сст/дма/
Фото: МЈА