Министерот Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите во Кочани
- Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.
Тој изразил длабоко сочувство до семејствата на загинатите, истакнувајќи ја важноста на солидарноста и заедништвото во овие тешки моменти.
-Нема зборови што можат да ја опишат болката од загубата на човечки животи во оваа трагедија. Во овие тешки моменти, најважно е да останеме обединети во тагата и поддршката за семејствата на загинатите, вели Минчев.
Оваа трагедија, додава тој, не потсетува на нашата заедничка одговорност да работиме на превенција и заштита, за да не дозволиме вакви несреќи да се повторат. сст/дма/
Фото МЈА