• сабота, 23 ноември 2024

Министерот за надворешни работи на Израел ќе отпатува во Њујорк заедно со семејствата на киднапираните Израелци

Министерот за надворешни работи на Израел ќе отпатува во Њујорк заедно со семејствата на киднапираните Израелци

Тел Авив, 23 октомври 2023 (МИА) - Шефот на израелската дипломатија Ели Коен заедно со роднините на киднапираните Израелци ќе отпатува во седиштето на Обединетите нации, каде утре ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

„Министерот за надворешни работи Ели Коен ќе отпатува во Њујорк за да се обрати пред Советот за безбедност на ОН за нападите на Хамас и израелската војна против него“, се наведува во изјавата на израелското Министерство за надворешни работи за „Тајмс оф Израел“.

Се додава дека Коен ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и со министрите за надворешни работи на други земји.

Роднините на Израелците киднапирани од Хамас ќе учествуваат со министерот на настаните во Њујорк. ссм/

фото: архива

Остани поврзан