• понеделник, 23 декември 2024

Министерот за безбедност предлага забрана за социјалните мрежи за малолетници во БиХ

Министерот за безбедност предлага забрана за социјалните мрежи за малолетници во БиХ

Сараево, 30 октомври 2024 (МИА) - Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, предложи забрана на социјалните мрежи за малолетници до 14 или 16 години, истакнувајќи дека зголемениот број терористички напади низ светот е предизвикан од малолетници меѓу 13 и 18 години кои се радикализирале преку интернет.

Нешиќ потенцира дека радикализацијата преку социјалните мрежи доведува до слични напади во БиХ.

Спомна и дека неодамнешниот терористички напад во Босанска Крупа, каде малолетник уби еден, а повреди друг полицаец, бил мотивиран од ваква радикализација.

Тој ова го оквалификува како „аларм за системот“ и истакна дека е неопходна анализа за подобрување на безбедноста во земјата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан