• среда, 25 декември 2024

Министерот Алиу оствари средба со ректорите на универзитетите во државата

Министерот Алиу оствари средба со ректорите на универзитетите во државата

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска оствари средба со ректорите на универзитетите на Република Северна Македонија на којашто во фокус беа размената на искуства и можностите за соработка, соопшти Министерство за информатичко општество и администрација.

Министерот Алиу ја истакна важноста на дигиталната трансформација во сите сфери на општеството, особено во високообразовната дејност.

-Денеска ги започнавме и консултациите со ректорите на сите универзитети во нашата земја за унапредување на високото образование на друго ниво преку дигитализација, рече Алиу додавајќи дека технологијата е дел од нашето секојдневие.

Додаде дека дигитализацијата има свои позитивни страни и каде може да се прифати подобро отколку во образованието, токму таму го има својот извор, за да се постигне широко распространета употреба кај населението.

- Затоа, во овој разговор се договоривме дека тесно ќе соработуваме за подобрување на дигитализацијата на универзитетите и ќе ги реализираме неопходните инвестиции во напредни технолошки платформи, за да се соочиме со предизвиците на времето и да го одржиме и гарантираме квалитетот на образованието, рече министерот Алиу.

Во таа смисла посочи дека МИОА е отворена за соработка, вклучувајќи и во однос на подобрување на ефикасноста на административните процеси во високообразовните институции. сх/ев/

Фото: МИОА

Остани поврзан