• вторник, 24 декември 2024

Министерката Тренчевска во Пласница, ќе посети давател на услугата помош и нега во домот

Министерката Тренчевска во Пласница, ќе посети давател на услугата помош и нега во домот

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Пласница ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот - Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница.  

Услугата е наменета за стари лица постари од 65 години, како и за лица со потежок облик на попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

На настанот, покрај министерката Тренчевска,  ќе зборуваат и Алија Јаоски, градоначалник на Општина Пласница и Драгана Костевска, претседателка на здружение Жртва. 

Во рамки на посетата,  Тренчевска ќе посети и корисник на услугата помош и нега во домот во Пласница за да се информира за придобивките на корисниците од услугата. 

-Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, наведува Министерството за труд и социјална политика. мч/аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан