• недела, 24 ноември 2024

Министерката Петровска на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“

Министерката Петровска на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, која денеска и утре се одржува во Скопје.

Регионалната конференција е во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.

Како што најавуваат организаторите, на конференцијата ќе се обратат и Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики - ЦИКП и Дајана Цвјетковиќ, програмската менаџерка на СМАРТ Балкан од Центарот за промоција на граѓанското општество (Centar za promociju civilnog društva) од БиХ.

Регионалната конференција е дел од проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан, а се спроведува во партнерство помеѓу Центарот за унапредување на граѓанското општество (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан