• вторник, 24 декември 2024

Петровска и генералот Ѓурчиновски на предновогодишно неформално дружење со семејствата на мировниците

Петровска и генералот Ѓурчиновски на предновогодишно неформално дружење со семејствата на мировниците

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) – Сите задачи се извршуваат на најпрофесионален начин и мотивираноста и посветеноста се на највисоко ниво, порачаа Армиските припадници во мировни мисии на вечерашното предновогодишно неформално дружење со семејствата на мировниците на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски, во Домот на Армијата. 

Како што информираат од Министерството за одбрана, на неформалното дружење со децата на мировниците преку видео-конференциска врска се приклучиле и армиските припадници упатени во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, мисијата на Алијансата во Косово, КФОР, операцијата на ЕУ во БиХ, АЛТЕА и мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ.

Министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски им ги честитале претстојните празници на семејствата на македонските мировници, изразувајќи им благодарност за нивната поддршка за најблиските кои даваат личен придонес кон колективната и регионалната безбедност.

На припадниците на Армијата во овие мисии им посакале успешна мисија и безбедно враќање дома кај своите најблиски и во Армијата.

Децата на мировниците добиле новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, а радост, како што наведуваат од министерството, донеле и аниматорите во ликовите на најпознатите детски цртани филмови. ар/нд/

Фото: Министерство за одбрана 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан