Министерката за образование најави дека ќе се испитува работењето на раководствата во ученичките и студентските домови каде има сериозни индиции за криминал
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска попладнево во рамки на сендицата за пратеничкки прашања рече дека состојбата во поголем дел од ученичките и студетските домови е катастрофална и дека има сериозни индиции за криминал. Најави дека ќе бидат поведени соодветни постапки со кои ќе се побара одговорност од досегашните директори.
Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска попладнево во рамки на сендицата за пратеничкки прашања рече дека состојбата во поголем дел од ученичките и студетските домови е катастрофална и дека има сериозни индиции за криминал. Најави дека ќе бидат поведени соодветни постапки со кои ќе се побара одговорност од досегашните директори.
- Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што е создаден долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме пет милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување, рече Јаневска, додавајќи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.
Јаневска посочи дека имало случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари.
Нагласи дека се срами од условите што ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли. бак/
Фото: МОН