• петок, 05 декември 2025

Минимална победа на Вардар за прво место

Минимална победа на Вардар за прво место

Скопје, 12.септември 2025 (МИА) – Фудбалерите на Вардар постигнаа нова победа откако вечерва во рамки на 5.коло ја совладаа Македонија ЃП со 1:0. Стрелец на единствениот гол по грешка на гостинската одбрана беше Азер Омерагиќ на почетокот на вториот дел во 52.минута.

Со новата победа „црвено-црните“ се пробија на првото место на табелата со 13 бодови, пред Силекс и Струга ТЛ со по 12.

На првиот дуел од денешната програма Шкендија го совлада Башкими со 2:1. мн/

Фото: Фејсбук ФФМ

Остани поврзан