Минимален пораз на Шкендија во Приштина во УЕФА Конференциската лига
- Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија го претрпеа вториот пораз во УЕФА Конференциската лига откако вечерва на гостувањето кај Дрита во Приштина загубија со 1:0
Приштина, 27.ноември 2025 (МИА) – Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија го претрпеа вториот пораз во УЕФА Конференциската лига откако вечерва на гостувањето кај Дрита во Приштина загубија со 1:0. Екипата од Тетово се наоѓа на 25.место на табелата со четири бодови, а првите 24 екипи ќе се пласираат во нок аут фазата.
Голот за победа екипата на Дрита го постигна по прекин, а на нафрлената топка најдобро реагираше Арб Манај и по неговиот удар се затресе мрежата на Гаје.
Следниот натпревар Шкендија го игра на 11.декември како домаќин во Скопје против Слован Братислава. мн/
Фото: ЕПА