• среда, 29 јануари 2025

Минг : Крајно неверојатна е хипотезата на ЦИА за потеклото на пандемијата на Ковид-19

Минг : Крајно неверојатна е хипотезата на ЦИА за потеклото на пандемијата на Ковид-19

Пекинг, 27 јануари 2025 (МИА) - Кина денеска соопшти дека е „крајно неверојатна“ хипотезата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека вирусот што протече од кинеска лабораторија ја предизвикал пандемијата „Ковид-19“.

„Меродавниот научен заклучок до кој дојде заедничката експертска група на Кина и Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на теренските посети на релевантните лаборатории во Вухан, гласи дека е исклучително малку веројатно дека дошло до протекување од лабораторија“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

ЦИА објави проценка дека е поверојатно дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија отколку дека потекнува од животни.

Портпаролот на ЦИА рече дека „врз основа на достапните податоци потеклото на пандемијата е поверојатно поврзано со истражување отколку со природното потекло “.

Одлуката за објавување на проценката е една од првите донесени од новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, кој беше назначен од новиот американски претседател Доналд Трамп.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан