• вторник, 24 декември 2024

Минатиот месец 204 казни за непрописно вградени фолии и користење т.н. флешери

Минатиот месец 204 казни за непрописно вградени фолии и користење т.н. флешери

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Вкупно 204 учесници во сообраќајот се казнети во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена од 1 октомври до 31октомври на територија на цела држава за неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Како што информира МВР, 202 казни се за неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и две санкции се за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

- На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан