• сабота, 23 ноември 2024

Минатата седмица санкционирани 214 непрописно паркирани возила во Центар 

Минатата седмица санкционирани 214 непрописно паркирани возила во Центар 

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционирале 214 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 3-ти до 9 јуни со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. 

Општина Центар и ЈП ПОЦ најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. сст/цр

Фото: Општина Центар и ЈП ПОЦ

Остани поврзан