• петок, 21 февруари 2025

Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9  февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар соопштуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината. дма/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан