• недела, 22 декември 2024

Мило Ѓукановиќ останува претседател на ДПС

Мило Ѓукановиќ останува претседател на ДПС
Подгорица, 24 јануари 2021 (МИА) – Мило Ѓукановиќ денеска е реизбран за претседател на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, одлучено е на вонредниот конгрес на партијата. За Ѓукановиќ, кој е и претседател на Црна Гора, гласаа 585 делегати, додека еден беше воздржан, пренесува РТЦГ. Јевто Ераковиќ, Иван Вуковиќ, Абаз Диздаревиќ и Сања Дамјановиќ беа избрани за потпретседатели на ДПС. Ѓукановиќ беше единствениот кандидат за претседател на ДПС. јт/

Остани поврзан