• сабота, 16 ноември 2024

Милошоски: На средбата со Вајмарската тројка, Џафери и Митрески признаа дека немаат двотретинско мнозинство за уставните измени

Милошоски: На средбата со Вајмарската тројка, Џафери и Митрески признаа дека немаат двотретинско мнозинство  за уставните измени

Скопје, 20 јули 2023

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за последната посета на Вајмарската тројка во Македоднија каде потенцираше дека на тие средби со меѓународните претставници Талат Џафери и координаторот на СДС, Јован Митревски признале дека нема двотретинско мнозинство за уставните измени да поминат во Собранието.

-Она што го забележав е дека има разлика кога разговараме зад затворени врати и кога разговорите се поискрени и поотворени, тогаш има разлика во ставовите кои претставниците на власта им ги презентираат на гостите од ЕУ. Во овој случај претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на СДС, Јован Митрески кажаа дека нивните партии се за уставните амандмани, дека ќе гласат ЗА, но исто така кажаа дека се реалисти и дека согледуваат дека немаат двотретинско мнозинство за овие уставни амандмани да поминат, што е спротивно од она што во јавноста го истакнуваат Бојан Маричиќ и Бујар Османи кои манипулираат и кажуваат дека има некоја група, некоја фракција се разговара со некого, рече тој.

Милошоски порача дека сепак средбите со меѓународните претставници се корисни.

-И затоа сметам дека ваквите средби со меѓународните претставници сепак се корисни дури и за нас. Ние со нашите аргументи им објаснуваме дека нашата резерва кон овој процес е оправдана, додаде тој.

Милошоски: Главна цел на ДУИ е да се отворат рудници, во спротивно ќе бараат владата да плаќа пенали на фирмата која е блиска до нив

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМЕ и пратеник во своето гостување во емисијата „За или против“  зборуваше за отварањето на рудници каде јасно посочи дека тука некој манипулира, или лажат Оливер Спасовски, Каја Шукова и Славјанка Петровска дека гласале, а биле измамени или манипулира министерот  Бектеши.
-Моето мислење е дека  прашањето околу рудниците нема само економска туку  има и политичка позадина, поврзана со одредени бизнис интереси на фирма блиска до ДУИ, фирма која на некој начин дава логистичка и финансиска поддршка на ДУИ. Влезе со одреден удел во концесијата за овие рудници и веројатно тоа беше тригерот за Министерството за економија да ги забрза сите процедури кои траеле со години наназад, но немало краен конечен исход за сега да ги спојат концесиите што ќе значи и отварање на овие рудници. И одлуката според она кое што го кажа министеротт Бектеши била донесена од сите министри едногласно и тој тврди дека сите министри навреме ги имале документите за овие струмички рудници. Некој не ја говори вистината, или лажат Оливер Спасовски, Каја Шукова и Славјанка Петровска дека гласале, а биле измамени или манипулира министерот  Бектеши, рече тој.

Милошоски посочи дека треба да се расчисти кој манипулира  бидејќи каква доверба треба да имаат граѓаните во одлуките на владата, ако министрите во владата излегуваат во јавност и кажуваат спротиставени информации.

-Тоа треба да се расчисти бидејќи каква доверба треба да имаат граѓаните во одлуките на владата, ако министрите во владата излегуваат во јавност и кажуваат спротиставени информации дека некој некого манипулира при носење на одлуки.Владата носи одлуки за многу работи поврзани со економија, образовани, пензии и така натаму, кажа тој.

Милошоски порача дека СДС нема капациет да се спротистави на бизнис интереси на ДУИ.

-Министерот Бектеши кажа дека ако треба уште сто пати да се повтори одлуката тој  би ја донел истата одлука и тука ќе се види кој го има го има главниот збор во владата, дали СДС или ДУИ. Јас мислам дека СДС нема капациет да се спротистави на бизнис интереси на ДУИ, рече тој.

Милошоски заклучи:
-Мислам дека ДУИ има повеќе опции бидејќи овде има и бизнис интерес на фирма која е блиска до ДУИ. Тие претпоставувам дека главна цел ќе им биде овие рудници да се отворат, но и доколку има пречка да не се отворат, тогаш ДУИ може да оди и на втората варијанта, владата односно државата заради неисполнување на одлуката која ја донело Министрството за економија заедно со сите министри да плаќа пенали на фирмата која е блиска до ДУИ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан