• среда, 27 ноември 2024

Милошоски: Европска перспектива е можна само со смена на владата

Милошоски: Европска перспектива е можна само со смена на владата
Скопје, 19 мај 2021

Зоран Заев е политичар на кој не може да му се верува, бидејќи тој се колнеше и во сопствените деца и видовме што направи. Денес се колне во идентитетот и јазикот и не е за ваерување, затоа што сметаме дека негов план е да ја стави во трговија етногенезата на идентитетот и етногенезата на јазикот на македонскиот народ, а тоа е погубно, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при посетата на Кочани.

Според него најзагрижувачки е што Заев ја лаже јавноста дека сме добиле датум за почеток, а гледаме дека нема преговори.

„Прв пат Заев излажа во 2018 година и се сликаше во авионот и рече има датум, а тоагаш немаше вето од Бугарија. Денес има вето, а има и поголем проблем во Македонија тоа е корупцијата. Македонија е на 111 место, тоне во корупција“, 

Милошоски посочи дека со Заев нема сериозна европска перспектива, односно дека тоа ќе биде можно само со смена на владата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан