• среда, 25 декември 2024

Милошоски: ДУИ ги приватизација игрите на среќа

Милошоски: ДУИ ги приватизација игрите на среќа

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција истакна дека нивната пратеничка група ќе гласа против Законот за игри на среќа, бидејќи, како што рече, се злоупотребува европското знаменце и се врши партизација на игрите на среќа од страна на ДУИ.

-Ние ќе бидеме против Законот за игри на среќа, бидејќи се врши упад во системот, прво злоупотреба на европското знаменце, а второ партизација на игрите на среќа преку јавно-приватно партнерство коо веќе е отпочнато и функционира на диво меѓу вицепремиерот Артан Груби, вработени во неговиот кабинет и контроверзни ликови од соседна Бугарија. Би сакал денес да го искажам ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уште една злоупотреба на европското знаменце за Закон кој што нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии што фирми се наоѓаат црната листа на САД, рече Милошоски.

Тој потенцира дека во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконити, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија.

-Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите кои што ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во кои што во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби. Ова е приватизација на игрите на среќа и ДУИ за жал, од партија која што се брендираше во Зелена партија, почна да станува партија коцкарите и казината. Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, кој што дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските инвестиции кои што Австрија ги има во овој сектор. Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал. Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија, рече Милошоски.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан