Милитао поради повреда може да ги пропушти натпреварите со Барселона и Шахтјор
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао, се здоби со мускулна повреда на десната нога на натпреварот на Бразил против Колумбија во квалификациите за Светското првенство 2022.

Мадрид, 14 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао, се здоби со мускулна повреда на десната нога на натпреварот на Бразил против Колумбија во квалификациите за Светското првенство 2022.
Според „Марка“, 23-годишниот дефанзивец, може да го пропушти не само натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампионите на 19 октомври, туку и натпреварот против Барселона во Ла Лига на 24 овој месец.
Во тековната сезона, Милитао има одиграни осум натпревари во шпанското првенство.
Реал е лидер на табелата со 17 бода, исто колку што имаат и второ и третопласираниот Атлетико Мадрид, односно Реал Сосиедад. зс/