Милитанти поврзани со Исламската држава убиле 66 цивили во Конго
- Бунтовниците од Сојузничките демократски сили (АДФ), кои се поврзани со Исламската држава, убиле 66 луѓе во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.
Киншаса, 13 јули 2025 (МИА) – Бунтовниците од Сојузничките демократски сили (АДФ), кои се поврзани со Исламската држава, убиле 66 луѓе во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.
Убиствата се случиле во областа Ируму, во близина на границата со Уганда, додека во тој дел на Конго сè уште се води војна против милитантите на М23, кои се поддржани од Руанда.
- Околу 30 цивили се убиени меѓу четврток и петок, 11 јули, во поглаварството Вонкуту, на територијата Ируму, во Итури. Врз основа на информации од цивилното општество, бројот на жртвите се зголеми од 31 на 66 убиени цивили, изјави Жан Тоби Окала, портпарол на мисијата на Обединетите нации во Итури во источен Конго. јт/
Фото: МИА архива