• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Милер ќе ја продолжи кариерата во МЛС

Милер ќе ја продолжи кариерата во МЛС

Минхен, 27 јули 2025 (МИА) - Германскиот фудбалер Томас Милер ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, името на новиот клуб на 35-годишниот Милер ќе биде објавено наскоро. 

Договорот ќе важи до летото 2026 година.

Милер потекнува од школата на Баерн Минхен. За Баварците настапуваше од 2007 година. Вкупно, одигра 756 натпревари за тимот од Минхен на сите турнири, постигнувајќи 250 голови и 276 асистенции. Со Баерн освои 33 трофеи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан