Милан е подготвен да плати 15 милиони евра за Диало
- Шампионот на Италија, тимот на Милан е заинтересиран за потписот на одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Абдо Диало.
![Милан е подготвен да плати 15 милиони евра за Диало](https://mia.mk/index.php/images/20221113170255_big_730x400_83.webp )
Милано, 30 јуни 2022 (МИА) – Шампионот на Италија, тимот на Милан е заинтересиран за потписот на одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Абдо Диало.
Според „Калчомеркато“, италијанскиот клуб е подготвен да плати 15 милиони евра за 26-годишниот Сенегалец.
Да потсетиме дека во 2019 година, ПСЖ на Борусија Дортмунд и плати 32 милиони евра за Диало.
Диало минатата сезона забележа 16 настапи во сите натпреварувања за парискиот клуб и постигна асистенција.
Претходно, Милан се согласил на договор со дефанзивецот Свен Ботман, но Њукасл дал подобра понуда и го доби играчот на Лил. зс/