Милан е заинтересиран за Даглас Коста
- Напаѓачот на Јувентус, Даглас Коста кој е на позајмица во Баерн Минхен може да се врати во Серија А, пренесува „Тутоспорт“.

Милано, 29 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Даглас Коста кој е на позајмица во Баерн Минхен може да се врати во Серија А, пренесува „Тутоспорт“.
Според италијанскиот медиум, за 30-годишниот Бразилец е заинтересиран Милан, кој е подготвен да го ангажира играчот во зимскиот преоден рок.
Во исто време, големата плата на фудбалерот, која изнесува 6 милиони евра, може да стане проблем.
Коста оваа сезона одигра 19 натпревари на сите турнири, постигна еден гол и направи две асистенции. зс/